Здружението на бизнис жени е специфичен и компетентен партнер во дијалогот со Владата, невладините организации, и приватниот сектор, кој придонесува за социјалниот и економскиот развој, ставајќи посебен акцент на женското претприемништво како фактор на економски раст. Здружението игра водечка улога во организирањето на дијалогот и соработката помеѓу бизнис жените, со цел да се поддржат и да се промовираат женските претприемачи во Македонија и во регионот.
Здружението на бизнис жени беше официјално основано во јули 2010 година како невладина организација која активно работи на унапредување и зајакнување на женското претприемништво во земјата и во регионот. Женското претприемништво како посебна гранка за економски развој во приватниот сектор како и во државните институции и здруженија, не е јасно претпознатливо. Здружението на бизнис жени со текот на времето, преку многу активности придонесува женското претприемништво да биде признаено како посебен ентитет за зајакнување на економијата во земјата. Како краен резултат на признавањето и промовирањето на активностите на нашето здружение, во декември 2018 година беше изгласана Националната Стратегијата за женско претприемништво која Здружението ја изработи во соработка со Министерството за економија на Република Северна Македонија. Здружението на бизнис жени активно работи на подобрување на условите за жените во бизнисот и со тоа станува препознатлив ентитет и сега веќе има повеќе од 300 члена, жени претприемачи.